Вести
Гостивар ја почна годината без издадена дозвола за градба, лани во јануари имало 37
Државниот завод за статистика ги објави податоците кои се однесуваат на издадени одобренија за градба во јануари 2018 година.Според нив, на подрачјето на Гостивар во првиот месец од годинава не е издадена ниту една градежна дозвола. Статистиката за ланскиот јануари пак, покажува дека имало 37 одобренија за градба.
Значително намалување се бележи и на државно ниво. Според Заводот за статистика, во јануари во Македонија издадени се 189 одобренија за градење, што е за 48.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува околу 2,5 милиони денари. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10.6%) за објекти од нискоградба и 37 (19.6 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 189 објекти, на 140 (74.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 (25.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти, стои во извештајот на Заводот за статистика.
Во полошкиот регион издадени се вкупно 34 одобренија, од кои најмногу во општина Желино (14) и Боговиње, девет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди