Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Објавено

на

    Со собир и положување на цвеќе во Гостивар денес беа одбележани 80 години од смртта на народниот херој Злате Малаковски и борбените операции од НОВ познати како Февруарски поход.

    Одбележувањето традиционално беше организирано од општинската организација на Сојузот на борци од Гостивар, а присуствуваа нејзини членови, граѓани, основци од „Единство“ и „Гоце Делчев“, како и претставници на политичките партии.

    „Оддаваме почит на славниот бестрашен пушкомитралезец од првиот баталјон на Првата македонско-косовска ударна бригада, кој за народен херој е прогласен на 8-ми октомври 1953 година. Зачувувањето на споменот за Злате не е само цивилизациска потреба, тоа пред се‘ е потреба на сегашните и идни генерации да се поттикнуваат да ги сочуваат неговите вредности и врз нив да создаваат нови, уште посилни. Само така, жртвата и борбата на Злате ќе има своја смисла и оправдување. Нека денешното одбележување биде наша благодарност и почит на оние кои се бореа и ја изборија слободата на Македонија“, истакна Радислав Ѓиноски, претседател на гостиварската боречка организација.

    За важноста и историските моменти од Февруарскиот поход, на собирот преку реферат потсети, професорката по историја Катица Аврамоска.

    „Февруарскиот поход буди најдлабоки емоции и овој февруари. Револуционерната традиција создадена низ вековниот отпор, остави длабоки траги во макотрпната историја на македонскиот народ. Таква е трагата на датумот на Февруарскиот поход, кој е длабокот втемелен во историското паметење на нашиот народ. Февруарскиот поход никогаш не умрел, останал наш фаќел на непресушните извори на револуцијата.“, подвлече Аврамоска.

    По собирот, пред споменикот на паднатите борци од НОВ во градскиот парк беше положено цвеќе. Букети положија делегации на Сојузот на броци и на локалните ограноци на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

    За време на Февруарскиот поход во 1944 година Првата македонско-косовска бригада тргнала од Егејска Македонија со задача да се пробие во Азот и Порече и да се разгори вооружената борба во тој дел на Македонија. На тој пат во реонот на Азот и Мариово бригадата ја попречиле силни бугарски окупаторски сили со кои водела повеќедневни и деноноќни борби во опкружување, бригадата била принудена да се врати во Егејска Македонија. Во состав на бригадата се бореле 40-тина борци од регион на Гостивар, а загинале гостиварците: Васил Василески, Борче Јованоски и Крсте Ѓиноски, вруточанецот: Слободан Пепоски, беличанецот: Светозар Спироски, ниќифорецот: Денко Дејаноски и богдевецот: Злате Малакоски. Учесник во Февруарскиот поход бил и народниот херој Чеде Филипоски-Даме.

    Малаковски во прилепско бил предводник на борбата против бугарските војници со уште петмина доброволци. Бугарските војници ги блокирале сите излези од градот и кај фудбалското игралиште ја опколиле групата. Злате и останатите доброволци загинале во борбата.

    Сојузот на борци Гостивар месецов беше во Прилеп на заедничко чествување со тамошната боречка организација во спомен на 80 години од загинувањето на народниот херој Малаковски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена