Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварка покрена кампања за поддршка на децата со посебни потреби – „Да создадеме свет без граници“

Објавено

на

Под мотото „Да создадеме свет без граници“ во земјава започнува кампања насочена кон децата со посебни потреби и нивните семејства. Целта е да се сврти вниманието на јавноста, особено на политичките чинители, за бројните тешкотии и предизвици со кои се соочуваат овие деца и нивните родители и да им се пружи неопходната поддршка, барем малку да им се олесни секојдневието.

Кампањата ја покрена гостиварката Маргарита Милошеска, и самата мајка на девојче со церебрална парализа. Поддршка на активностите даваат неколку здруженија, кои делуваат во оваа област.

„Ги повикуваме претседателите на сите политички партии на 8-ми јули, во 5 минути до 12 часот во Жена парк, спроти Собранието да го потпишат документот со кој ќе се обврзат да го поддржат исполнувањето на нашите барања. Не ни требаат празни ветувања, туку потпис дека ќе се заложат за решавање на нашите проблеми. Сега преку оваа кампања ги повикуваме јавно да дојдат и да го дадат својот потпис, а до секој од нив деновиве ќе испратиме и лична покана.“, вели Милошеска.

Едни од барањата во документот се: позначително покачување на посебниот додаток, тргнување на возрасната граница од 26 години за остварување одредени права, како и право на пензионирање на родителите на деца со посебни потреби на 55 години.

„Оваа кампања е за децата кои не учат на безусловна љубов  – Да создадеме свет без граници“, порачува Маргарита.

 

Сподели ја веста:
2 коментари

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 9 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 11 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 12 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 12 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 13 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 14 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена