Гостивар
Во казино само со маска, рулет и покер со максимум 3 играчи…
Откако Владата даде зелено светло за отворање на казината, објавен е Протокол под кој овие објекти ќе треба да ја организираат работата. Во продолжение ги објавуваме деталите од правилата:
- Ограничен број на лица, односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмогу 1 лице на 5м2.
- На влез е задолжително да има редарска служба.
- Редарската служба ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот, контрола на заштитна опрема (заштитни маски).
- Редарската служба ќе врши контролирано пропуштање на лица во објектот со запазување на дистанца од најмалку 2м до казино рецепцијата.
- Позициите за регистрација на посетители мора да бидат одвоени најмалку 2 м една помеѓу друга.
- Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски) не смеат да се пуштаат и да се движат низ објектот.
- Вработените задолжително да вршат редовна дезинфекција и миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска).
- Задолжително одржување на дистанца од најмалку 1,5 м.
- Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.
- Заштитната опрема е задолжителна при движење низ објектот.
- Присуството на лица на касите низ објектот е со одржување на дистанца од 2 м растојание.
- На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.
- Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
ЗА ИГРАЊЕ НА АПАРАТИ НА ИГРИ НА СРЕЌА (АИС) СЕ ПРИМЕНУВА ЕДНА ОД СЛЕДНИВЕ МЕРКИ:
- Доколку гостите седат на играчкото место на АИС и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.
- Доколку гостите седат на играчкото место на АИС со повеќе играчки места (електронски рулет) и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.
ЗА ИГРАЊЕ НА МАСИТЕ ЗА ЖИВА ИГРА СЕ ПРИМЕНУВААТ СЛЕДНИВЕ МЕРКИ:
- Игра на маса за жива игра Американски Рулет се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
- Игра на маса за жива игра Блек Џек, Карабиан Покер, Ултимејт Тексас Покер и други казино игри кои се играат на маси со седум играчки места, се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
- Игра на маса за жива игра Тексас Холдем Покер се одвива преку едно играчко место со најмногу 5 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград