Вести
Гостиварскиот хирург д-р Гафур Мемеди добитник на наградата за здравство „Св.Наум Охридски“
д-р Гафур Мемеди, gafur memeti, наградата за здравство
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/06/dr-Gafur-3-e1529428712491.jpg)
Годишната награда „Св.Наум Охридски“, која Лекарската комора на Македонија ја доделува за особени остварувања во областа на здравството, отиде во рацете на хирургот д-р Гафур Мемеди од Гостивар. Престижното признание му беше доделено вчера, на манифестација по повод 26 години постоење на Лекарската комора, која се одржа во Битола.
„Оваа награда за мене е голема чест, гордост и инспирација. Мора да кажам дека признанието им припаѓа и на моите соработници и мојот тим, затоа што како хирург сум имал среќа да работам со многу стручна и подготвена екипа. Од докторите би го споменал сега веќе покојниот Младен Михајловски, па Аднан Врајнко, Витанов, Хасим Салиу. Анестезиолозите Мимет Авзиу, Садри Зеќири, Наим Исмаили, потоа д-р Дашурие Капроли. Од средномедицинскиот персонал Катица Стојческа, Муамет Беќири, Насер Зибери, Петрана Рудски, Весна Силјаноска, Фатмире Нуредини, Фатиме Ејупи, Живкица Попоска, Јагода Антеска, Славица Хавзиу… Овој успех им го должам на сите со кои соработувам, верувајте дека е тешко да се издвојат. За еден хирург секако најважно е да има добар тим.“, изјави за Gostivarpress.mk, д-р Мемеди.
Гостиварскиот хирург ја доби наградата на иницијатива на огранокот на лекарската комора во Гостивар, под водство на д-р Илбер Адеми.
Д-р Гафур Мемеди работи како хирург во општата болница во Гостивар три децении. Тој е прв лекар од Гостивар добитник на годишната награда на Лекарската комора на Македонија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград