Поврзи се со нас

Вести

Какви одлуки донесе гостиварскиот Совет на денешната седница?

Објавено

на

Советот на општина Гостивар денес ја продолжи 5-тата седница, која пред неколку недели беше прекината по усвојување на Дневниот ред, откако советниците од мнозинството ја напуштија салата со образложение дека се револтирани поради вербален напад врз советникот Адис Исмаили од ДУИ.

Советот денес едногласно го усвои првиот квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Гостивар за 2018 година. Беа изгласани и извештаите и Програмите за работа на гостиварските јавни претпријатија „Комуналец“ и „Градски паркинг и зеленило“. Годишниот план за вработување во ЈП Комуналец за 2018-та не помина, а советниците не се сложија ниту околу доделувањето на субвенции за ЈП Ринија кое стопанисува со Спорската сала. Предлогот беше на претпријатието да му се доделат 500 илјади денари, но советниците од мнозинството не го прифатија со образложение дека претходно претпријатието веќе добило субвенции и бараа раководството да даде објаснување на трошоците и потребите.

На барање на советникот Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите, од дневен ред беше повлечен Акцискиот план на општина Гостивар во областа Вработување, Домување, Образование, Здравство и Жената Ромка. Салиу образложи дека група составена од жители на сите делови од Гостивар кадешто живеат Роми, десет години работела на креирање на акциски планови и побара  општината да направи консултации за да се вметнат предлозите и стратегиите од групата.

На денешната седница беа донесени повеќе одлуки од областа на урбанизмот. Како што претходно пишувавме се изгласа и одлука за покренување иницијатива за враќање на ФК Гостивар во сопственост на општината.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Парламентарни избори 2024пред 7 часа

„Влен“ објави дека со гласањето во Ларце доби плус еден пратеник

Македонијапред 9 часа

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Македонијапред 11 часа

Спречен влез на 1,7 тони вијагра и стимуланси за нервниот систем, штетни по здравјето на граѓаните

Гостиварпред 13 часа

25 годишна жена го пријавила партнерот за напад на улица во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Економското училиште во Гостивар домаќин на полуматурантите-Презентирани можностите, бенефитите и условите

Македонијапред 15 часа

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 17 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 17 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена