Гостивар
Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Опфатот со вакцинација во гостиварскиот регион опаѓа, за одредени вакцини веќе е вклучен алармот и неопходна е повисока свест за важноста на имунизацијата за здравјето на децата и постигнување на колективен имунитет. Ова се потенцира во Европската недела на имунизација, која се одбележува со низа едукативни и теренски активности со цел подетална и точна информираност на населението за вакцините.
Денес, во рамки на Неделата за имунизација тим од службата за вакцинација на Здравствениот дом Гостивар беше во посета на детските градинки, каде медицинските лица имаа предавање пред родителите за вакцинирањето.
„Опфатот на имунизацијата опаѓа, со што целокупниот имунитет на општеството е загрозен. Овде сме да разговараме со родителите и да ја подигнеме свеста за бенефитот што ги имаме од имунизацијата, кое е едно од најголемите откритија на медицината. Со примање на вакцина беа искоренети многу болести, а сега има ризик да се враќаат и шират заради заради антивакцинални кампањи кои придонесуваат да опаѓа опфатот. Апелираме првенствено до родителите, да се информираат од релевантни извори, пунктовите за имунизација за нив се секогаш достапни, да добијат точни и проверени информации од стручна гледна точка. На интернет да се информираат од официјални страни, како Министерството за здравство, МАЛМЕД, а не од оние каде се водат кампањи против вакцините“, истакна д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинација.
Примени вакцини според редовниот календар е услов за прием на децата во градинките.
„Чест ни е да организираме ваков мал настан, но со големо значење за детските градинки. Согласно Законот за детска заштита, во педагошката документација за секое дете во градинката задолжително има образец којшто го пополнува матичниот доктор во однос на календарот на имунизација, според возраста на детето. Секоја година тој образец се пополнува со печат и факсимил од докторот и е задолжителен при упис на децата во градинка. Значајно е бидејќи ја подигнуваме свеста на родителите и ја штитиме здравствената состојба на дечињата од најрана возраст“, рече Даниела Бошкоска, директорка на градинките во Гостивар.
Дечињата го разубавија денешниот настан со свои музички точки.
Пред десетина години вкупниот опфат на имунизација на гостиварското подрачје достигнувал 95% , што е задоволително ниво. Но, од година на година е во постојано намалување, па се доведува дури до алармантен процент со ризик за појава и ширење на заразни болести. Во Гостивар најнизок опфат има за вакцините МРП (морбили, рубеола, паротитис), а на ниско ниво се и ДиТеПер (дифтерија, тетанус, пертусис) и вакцината против пневмокока.
Годинава Неделата на имунизација има мото „Заштитуваме генерации“. Освен во градинките, предавања и настани се одржуваат и во основни училишта, а има и теренски посети во домовите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?