Поврзи се со нас

Гостивар

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Објавено

на

    Младата гостиварка Рената Кешкек која храбро и со сите сили води битка со карцином на дојка, реши да ја сподели својата приказна со јавноста. Сторијата беше објавена во фејсбук групата за поддршка на пациенти со рак „Не си сам/а во оваа борба“ . Рената, инаку мајка на 10 годишната Сара и двегодишниот Исак, раскажува за голготата што ја поминува со дијагнозата, болката, поддршката од семејството, надежта и вербата во Бога, но и за сомнежите по случувањата на Онкологија, што ја потресоа јавноста . „Болат сите трауми и солзите на најблиските, но највеќе боли онаа мисла која постојано ми се врти во главата: Дали јас ги примам тие лекови или воопшто не ми се вбризгани во телото?!“, пишува гостиварката, која се уште прима терапија во вид на инекција во ногата на секој 21 ден.

    Прочитајте ја целосно нејзината приказна:

    “Животот, ако може да се нарече живот никогаш не бил фер спрема мене. Некому мајка, мене маќеа. Така и со оваа болест наречена рак, за којашто се уште не се нашло лек.

    Јас сум Рената, имам 34 години и сум мајка на две деца. Со оваа дијагноза се соочив доејќи го моето 10 месечно бебе и кога ми ја соопштија ужасната вест немаше време за намалување на подои туку едноставно НЕ СМЕЕШ да го доиш тоа мало и невино малечко.

    Имав многу млеко и болки, оток во двете гради, користев таблети за да сопре млекото со цел да ме земат на операција и да ми направат целосна мастектомија на левата дојка со 12 лимфни јазли од кои 4 имаа метастатички депозит без пробив на капсула. После 2 недели резултатите покажаа дека е лошо диференциран инвазивен дуктален тип на мамарен карцином кој е исто така хормонски зависен IIIA стадиум. Секогаш се прашував дали тоа сум го имала и во бременост. Следуваше добро познатата Онкологија и 8 хемотерапии со 15 зрачења. Напорни и исцрпувачки, особено 5, 6, 7, и 8 едвај се движев… не би сакала ни да се потсетувам на тие денови. Сега сум на Tamoxyfen и Phezgo од кој после 7 месеци користење ендометриумот се задебели 20.6 па следуваше киретажа.

    Болеше чекањето на биопсијата, болеше операцијата и тоа што не си го доиш и не смееш да го кренеш своето бебе. Се оперирав на 10 ти мај 2022 година. Болеше и висењето на дренот и 3 пати пунктирање, болеше и хемото и паѓањето на косата и секое влакненце на моето тело. Болеше и зрачењето и секое одење на 21 ден, коешто се уште трае. Болеше и Пет скенот, киретажата и чекањето на резултати и секоја нова крвна слика со високи тумор маркери.

    Болеа сите претрпени трауми и солзите на моите најмили…

    Но највеќе ме боли онаа мисла која постојано ми се врти во главата: Дали јас ги примам тие лекови или воопшто не ми се вбризгани во телото?!

    Тоа највеќе ме боли!!!

    Ме боли за себе, за моите Сара и Исак, за мојот сопруг кој секогаш е тука и секогаш ќе биде. Зошто во најубавите години од животот толку да се пати и страда…

    Навистина целата надеж, одење, трчање, чекање, станување од 05:15 да фатиш автобус па до 17:00 часот да дојдеш капнат уморен и истоштен да е за нешто, а не за џабе. Можат да разберат само оние кои го изодеа овој мрачен пат во тунел, за кој како има светлина на крајот, а зошто таа светлина да не ја видат сите?

    Морам да кажам дека Бог ме чувал и сум му благодарна секогаш!

    Кога дознав за мојата дијагноза беше Балаклија, а тоа е ден кога се молиме за здравје и уште го викаат извор на лекување. И јас верувам дека ќе бидам една од излекуваните. И секоја моја хемотерапија се паѓаше на празник, а зрачењето го завршив на Божиќ. Јас верувам и во Бог и во неговите чуда!”

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 7 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 8 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 12 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 13 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 15 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 17 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 18 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена