Гостивар
Искршени и оштетени надгробни плочи на старите православни гробишта во Гостивар

Граѓани на Гостивар кои утрово отишле да ги посетат вечните почивалишта на нивни блиски, на старите православни гробишта во Гостивар, останале во шок. Ги затекнала грозна глетка, искршени и оштетени надгробни плочи, паднати крстови, кандила, цвеќиња… Сето ова на гробови кои се наоѓаат во дел од гробиштата од левата страна зад црквата.
Од СВР Тетово за Gostivarpress.mk потврдија дека има таков случај и кај нив бил пријавен во 10 часот и 15 минути, од страна на 31-годишен гостиварец.
„Екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар излегла на местото и било констатирано дека била скршена една надгробна плоча, а 4 други биле оштетени. По извршениот увид се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.“, соопшти полицијата.
Граѓаните се револтирани и рекоа дека ова не се случува прв пат. Бараат итна реакција од надлежните, да се спречат вакви непријатни случувања, да се пронајдат сторителите и да се открие мотивот на сквернавењата.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022