Гостивар
Изложба во Гостивар во чест на 30 години дипломатски односи меѓу Италија и Македонија

Во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Италија, во галеријата Култ во Гостивар вчеравечер беше отворена описна изложба посветена на италијанскиот сликар од ренесансата, Пјетро Ванучи познат како Il Perugino. Изложбата ја отворија италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри и градоначалникот Арбен Таравари.
„Во оваа прилика, заедно со амбасадорот Силвестри, ја потврдивме нашата посветеност за дополнително зајакнување на одличните односи меѓу нашите земји на полето на економијата, политиката и културата. Пријателскиот италијански народ и нашиот народ имаат долга традиција на соработка, солидарност и човечка интеракција низ историјата, која ќе продолжиме да ја негуваме и одржуваме. Сметаме дека оваа изложба е добра можност да се поврзyвa и слави богатата уметничка историја на Италија и да се сподели со граѓаните на Гостивар.“, истакна градоначалникот.
Оваа изложба под наслов „Најдобриот мајстор на Италија“ се состои од 15 панели, преведени на македонски и албански јазик, кои го претставуваат животот и најважните дела на познатиот ренесансен сликар.

-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден