Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Карфиол, зеленчук што заслужува место на вашата трпеза

Објавено

на

Нискокалоричен и полн со витамини, карфиолот е храна која заслужува место на вашата трпеза. Супата од карфиол е вистинскиот начин да му помогнете на вашиот имунитет во овие студени денови.

Како да јадеме карфиол?

Карфиолот е една од намирниците што треба да бидат вклучени во секојдневната исхрана поради неговите лековити својства. Супите од карфиол се подготвуваат многу лесно, а како одличен додаток на јадењето може да се подготви и варениот карфиол. Карфиолот е исто така незаменлив дел од зимската храна. Според голем број истражувања, карфиолот има способност да задржи големо количество витамин Ц дури и откако ќе биде замрзнат во замрзнувач.

Какви витамини содржи карфиолот?

Според направените истражувања, 100 грама карфиол може да ја замени вашата неопходна дневна доза на витамин Ц. Ова исто така е доволно да замени четвртина од препорачаната дневна доза на витамин К. Со оваа храна богата со витамини, исто така внесувате калиум, железо, калциум и магнезиум.

Што друго добиваме ако јадеме карфиол?

Карфиолот содржи 92 проценти вода. Таа е една од важните состојки на многу диети, особено затоа што не содржи масти, а со 100 грама карфиол внесуваме само 24 калории. Покрај сите витамини и минерали кои ги содржи, карфиолот помага во одржување на здравјето на вашето срце. Позитивно влијае и на функцијата на мозокот и ги регулира естрогенските хормони, што е добра превенција против ракот на дојката и репродуктивните органи кај мажите и жените. Карфиолот е генерално добар за нашиот имунолошки систем бидејќи позитивно влијае на воспаленија и инфекции.

Супа од карфиол

Со доаѓањето на постуденото време и сезоната на настинки и вируси, супата од карфиол е вистинскиот начин да му помогнете на вашиот имунолошки систем. Еве еден едноставен рецепт.

Потребни состојки за супа од карфиол

  • еден карфиол
  • кромид
  • половина лажица брашно
  • две лажички вегета
  • едно јајце
  • малку млеко

Подготовка

Кромидот ситно се сечка и се динста во тавче со малку масло. Потоа додадете половина лажица брашно. Потоа наполнете го тенџерето со вода и додадете ги цветовите од карфиолот со две лажички вегета. Сето тоа варете го половина час. На крајот изматете едно јајце со малку топло млеко и додадете го во чорбата. Наздравје!

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 5 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 7 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 8 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 9 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 11 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 11 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 ден

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена