Поврзи се со нас

Гостивар

Редок јубилеј! Киро Кипроски одбележа 55 години новинарство и промовираше нова книга

Објавено

на

Во божествениот амбиент со духовно смирувачка енергија на Бигорскиот Манастир, доајенот на македонското новинарство и публицистика од Гостивар Киро Кипроски, денес го прослави јубилејот – 55 години творење и работа. Уште поголемо значење на реткиот јубилеј му даде промоцијата на неговото најново дело, монографијата „Духовните светилишта на гостиварското архијерејско намесништво“.

Публиката дојдена од сите страни на Македонија, во првиот дел од настанот имаше можност да се потсети на богатата новинарска кариера на Кипроски преку портретот што за оваа прилика го напиша Панде Колемишевски, поранешен генерален директор на НИП „Нова Македонија“ и главен и одговорен уредник на весникот, а пред присутните го прочита сестра Ефимија.

„Киро Кипроски во себе носи многу новинарски лица насликани со неверојатни бои што создаваат повеќе портрети, колку истовремени, толку и различни. Кипроски како радио новинар, како известувач од дневни настани, како врвен пишувач на репортажи, како патеписец, како творец на портрети на други лица, како новинар патник страдалник, како пример за ентузијазам и посветеност на она што го избрал како професија. Значи не е лесно да се направи краток портрет на исклучителен новинар и публицист со богат новинарски опус, мајстор за речиси сите новинарски жанрови, за човек кој објавил десетици илјади текстови во пишани и електронски медиуми и кој објавил 12 монографии“, беше наведено во изнесениот портрет.

Книгата „Духовните светилишта на гостиварското архијерејско намесништво“ , која претставува еден вид енциклопедија на црквите и манастирите на Горнополошкиот Регион, Мавровско и Горнореканскиот Регион, на Шар Планина, Кораб, Бистра, Сува Гора, Букович и Горни Полог, ја промовираа Ратко Димитровски како издавач и отец Кирил, архимандрит на вселенскиот престол, како уредник.

„Големо задоволство ми беше да соработувам со господинот Кипроски за да делото излезе што поубаво, да го прикаже што поубаво она што тој го има кажано и со зборови и со фотографскиот апарат. Кога ја отпечативме книгата и му ја дадов во рака, се радуваше како мало дете, да ги пренесам неговите зборови во тој момент „Ова е невестата која долго време ја чекавме и сега сум многу задоволен“. Кога еден издавач ќе забележи такво задоволство кај авторот јасно е дека е голема работа“, подвлече Димитровски.

Отец Кирил рече дека монографијата почнала да се подготвува уште пред 24 години со благослов на тогашниот митрополит на тогашната Полошко-кумановска епархија г.Кирил, кој во пишана форма стои и на почетокот на книгата.

„На овој начин монографијата претставува исполнување на своевиден завет и носи со себе печат од времето и остава белег за вонвременост. Ова не е дело напишано со Гугл или со помош на вештачката интелигенција, туку дело со жива енергија, човечка есенција. Авторот со восхитување сведочи за љубовта на христијаните кон спасителот господ Исус Христос, а особено се фокусира на значењето на светата љубов во срцата на ктиторите на црквите и манастирите преку богатите описи, историски аспекти. Не само што го лоцира градот Гостивар и 40-тината гостиварски села во православното и културно наследство на Македонија, туку и ги открив, запишува деталите за 66-те цркви и параклиси како и за осумте манастири.“, нагласи Отец Кирил.

Новинарот Менде Младеновски, кој ја модерираше програмата, во една прилика кажа дека со славеникот имаат одлична соработка, потсетувајќи на важна доделена награда:

„Кипроски последните години е постојан дописник на нашиот „Битолски весник“, кој пред некое време прослави 59 години од излегувањето на првиот број. Лани на манифестацијата „Најуспешни битолчани“ Кипро, иако не е битолчанец заслужено го доби највисоко признание од областа на новинарството, за животно дело.“

Свое обраќање на настанот имаше и Игуменот на Бигорски, епископ Партениј кој нагласи дека Кипроски има нераскинлива врска со манастирот и е заслужен за негова позитивна промоција.

„Колку е поврзан со манастирот го покажа со тоа што го избра како место за прослава на својот 55 годишен јубилеј. Тој не избра друго место, туку го избра светилиштето кое толку многу го сака и стана негов многу голем и вреден летописец. Секогаш се изненадував од каде тој негов ентузијазам постојано да пишува, да доаѓа, да објавува текстови за Бигорскиот Манастир, нешто кое многу помогна за позитивната промоција на нашето братство, да ги надминеме сите пропаганди, искушенија кои ни се случуваа“, кажа Игуменот.

Во емотивно излагање, новинарот Кипроски сподели случка во Гостивар кога бил помлад новинар.

„Како млад новинар во 80-тите години присуствува на свеченост за „18 Номеври“ на која се доделуваа општински награди. Доајенот на македонската песна Александар Сариевски доби награда за животно дело и кога излезе на сцената да се заблагодари, рече: Мене господ ме надарил да пеам, а не да зборувам , па ја испеа песната „Дејгиди луди млади години“. Јас тогаш не можев да сфатам зошто повозрасните заплакаа. Но, сега ете знам што значи тоа и од каде солзите“, раскажа тој.

Програмата на јубилејот беше збогатена со настапи на монашкиот хор на манастирот „Свети Јован Крстител“ и познатиот пејач на народни песни Ванчо Тарабунов.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 11 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 12 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 13 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 14 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 16 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 18 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 18 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена