Спорт
КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

Единствениот кошаркарски прволигаш од западна Македонија, Кошаркарскиот клуб Гостивар и официјално ги започна подготовките за претстојната натпреварувачка сезона 2021/2022.
На прозивката во Спортската сала Младост се појавија сите играчи на кои може да смета тренерот Александар Јончевски во моментов. Ренато Димитриевски, Марјан Јанески, Војче Лефкоски, Виктор Ефремовски, Роберт Димитриевски, Александар Тодоровиќ, Никола Силаџи, Дејли Мејш, Златко Јовицоски, Никола Заревски, Тома Стојаноски, Василије Серафимоски и Војче Василевски, се очекува екипата да се засили со уште двајца играчи.
Подготвителниот период „бело-сините“ ќе го одработат во Гостивар, а ќе се искористи за што подобра физичка и техничко-тактичка подготовка на тимот, во периодот што следи ќе се одиграат и неколку подготвителни натпревари.
Почетокот на првенството е закажано за првиот викенд во октомври, претходно треба да се одржи ждрепка по која ќе се знае распоредот за сезоната 2021/22.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава