Поврзи се со нас

Деца Родители

Колку долго трае фазата „не сакам “ кај децата?

Објавено

на

    Фазата „не сакам“ кај децата е нешто што најверојатно ниту еден родител нема да го избегне, но и нешто што во одредени ситуации може сериозно да го подигне високото ниво на стрес што го носи родителството. Сепак, дали понекогаш самите родители можат да придонесат за тоа?

    „Не сакам“ – фаза: Дали е причина за грижа?

    Ако вашето дете е „зафатено“ со негација, не грижете се – барем така советуваат психолозите. Експертите за ротиделство велат дека фазата „нема и не сакам“ е нормален дел од развојниот процес и припаѓа на сосема нормални фази. Тоа обично се случува помеѓу втората и третата година од животот. Ако нема друг психолошки проблем, тоа треба да престане само по себе. Но, кај некои деца може таа фаза и да не престане и да стане навика.

    Што велат експертите: Зошто настанува фазата „не сакам“?

    Периодот на изразена негација кај детето започнува како своевиден одговор на свеста за независност. Периодот од третата година од животот се карактеризира со тоа што детето има перцепција за себе како посебна личност (ентитет), дека има слободна волја и дека може само да управува со неа. Едноставно, како прв импулс на потребата и желбата да ја покаже својата независност, тој реплицира со тоа што негира се што ќе каже родителот. „Нема“, „Не можам“, „Не сакам“, „не!“ – станува не само редовен, туку и преовладувачкиот репертоар на одговори на се што бара родител или старател.

    Малите деца стануваат свесни за својата независност од 18 до 24 месеци. Зборот што често се користи со негација или доаѓа пред него е „јас“ (јас не го сакам тоа, јас не сакам така, јас не сакам“ … Не само што се свесни за себе, туку исто така и значењето да можат самите да направат нешто, да одлучат или тие да одбијат

    Колку долго трае оваа фаза на однесување?

    Според експертите за родителство, овој проблем најчесто завршува кога детето ќе наполни 4 години. За многу родители, особено за оние кои ја реализираат оваа улога за прв пат, фазата „нема и не сакам“ може да биде многу трауматична и предизвикувачка. Најдобриот совет што може да им се даде на родителите е, велат експертите: трпение, доследност, давање слобода на детето да одлучува, но не со бескрајно попуштање.

    Одмаздата со спротивставување најверојатно ќе предизвика контра ефект и уште пожестока реакција. Обидете се да бидете што е можно помирни. Со самосвест и моќ да ја искористат својата волја, децата многу брзо можат да станат манипулативни, па на ист начин ќе реагираат на вашето бучно или енергично противење, додека не ги исцрпат сите можности за ваша отстапка. Спротивната, мирна реакција, сепак, може да ги изненади. Постојат и мали трикови со кои ќе го наведете да ја сменат својата волја преку игра – на пример, ако детето не сака да ги четка забите или да ги измие рацете, започнете некоја игра што ќе резултира со предлози за пофалби, убавина и слично.

    Не заборавајте дека со бескрајно попуштање може да предизвикате трајни последици во образовниот процес. Ако фазата „не сакам“ се протега над 4-годишна возраст, треба да се консултирате со некој во оваа област и да ги дознаете причините за таквиот предвремен бунт, револт и протест.

    Кои родителски однесувања може да ја фаворизираат фазата „не сакам“?

    Ако самите често ги користите зборовите „Не“ и „Не сакам“, можете да очекувате и вашето дете да го стори истото. Затоа отстранете ги негациите од вашиот дневен речник и вашите деца помалку ќе се спротивставуваат на вашите барања.

    Оставете го детето да има слобода да одлучува и контролира во одредена област. На пример, можете да му дозволите да одлучува за местото и распоредот на неговите играчки или неговата облека во собата. Никогаш, без знаење на детето, не им давајте на другите деца предмети со кои биле поврзани, играчка што ја сакале или тренерка што ја надраснале. Ако веќе треба да го браните детето, обидете се да ги сведете тие забрани на минимум. Неколку забрани кои ќе го ограничат детето се сосема доволни. Забраните нека бидат исклучиво поврзани со заштита на здравјето и безбедноста на детето.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 12 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 13 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 18 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 20 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 22 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена