Гостивар
Комеморација за нобеловецот со гостиварско потекло д-р Ферид Мурад

Во чест на нобеловецот со гостиварско потекло д-р Ферид Мурад, кој почина минатата недела, на Државниот универзитет во Тетово денес се одржа Комеморација. Професори, личности од јавниот живот, медицинари му оддадоа почит за достигнувањата и значителениот придонес за развојот на медицината и науката.
На Комеморацијата присуствуваше и министерот за здравство Фатмир Меџити.
„Тој нè потсети дека кога науката се користи за позитивни цели, има капацитет да го промени светот. Неговото дело ќе продолжи да живее преку многубројните истражувачи и студенти кои ги инспирирал, како и преку пациентите чии животи станаа подобри благодарение на неговите откритија.“, рече Меџити во своето обраќање.
Д-р Мурад е роден во 1936 година, а во 1998 ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија. По него е именувана гостиварската општа болница, а беше прогласен и за почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!