Гостивар
Пробивање на трасата на автопатот Гостивар-Букојчани најавено за утре

Американско турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ утре стартува со градежни работи за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани, потврдуваат од Министерството за транспорт и врски.
Како што појаснуваат, на терен покрај најавените геомеханички истражувања, ќе се врши минирање и изградба на пристапни патишта.
Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.
До проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа-Струга-Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп-Битола.
На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра и од 53 милиони евра, согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со којашто за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден