Гостивар
Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварската гимназија преку песна ги спои музичките таленти-актуелни и некогашни ученици во училиштето, како и основци, вљубеници во пеењето и свирењето. Концертот што го организираше вечерва се одржа во спортската сала на гимназијата, а на сцената се претставија 15-тина изведувачи.
Настанот беше посветен на гимназијалците кои годинава го завршуваат средното образование, и на деветтоодделенците кои одлучуваат каде ќе продолжат во средно.
„Инспирирани од моќта на музиката, ги сплотивме нашите музички таленти, оние кои се сè уште се наши ученици, оние кои биле наши ученици и оние кои се потенцијални наши ученици, и го организиравме овој концерт на музички таленти. Ова е начин и да им посакаме успешна иднина на матурантите и добредојде на полуматурантите. Музиката го инспирира целиот свет, дава живот и радост на сè што постои. Музиката може да го промени светот, затоа што не познава граници, ги зближува луѓето и ги облагородува.“, беше речено на концертот.
Публиката имаше можност да проследи разновидност на сцената, популарна поп музика, безвременски рок хитови и интересни перформанси во кои младите не се штедеа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог