Поврзи се со нас

Вести

Крадците не мируваат – Нови кражби во куќи во Гостивар и во Долна Бањица

Објавено

на

 

Зачестија кражбите во домови на гостиварското подрачје. Крадците не мируваат и одземаат се што ќе им се најде при рака.

Педесет и едногодишен жител на гостиварска Долна Бањица, вчеравечер  пријавил дека во периодот помеѓу 19 часот и 30 минути и 21 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа. „Откако насилно го отвориле прозорецот од кујната во приземјето, влегле внатре, целосно ги пребарале просториите и од спалната одзеле женска чанта со 2500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија женски паричник со 100 евра, 3000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка“, соопштува полицијата.

Со одземеното, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 210 илјади денари, додека причинетата материјална штета изнесува 2000 денари.

Втората кражба, според информациите од СВР, се случила во периодот помеѓу 9-ти и 12-ти овој месец, во куќа на 52-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Момир Андоновски“ во Гостивар. Засега непознати сторители, го искористиле отсуството на сопственикот  и преку необезбедена балконска врата влегле внатре, по што одзеле два телевизори и лаптоп, кои се наоѓале во дневната и спалната соба, противправно стекнувајќи се имотна корист од 150  илјади денари.

Полицијата известува дека и во двата случаи работат на откривање на сторителите и расветлување на сите поединости.

 

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена