Вести
Кражба во локал во Чегране – украле осум, а направиле штета од 30 илјади денари
Ноќеска помеѓу еден и седум часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во угостителски објект во гостиварското село Чегране, сопственост на 52-годишен чегранец, соопшти Секторот за внатрешни работи.
„Откако го скршиле изложното стакло, направиле отвор и влегле во внатрешноста на објектот, пребарувале и оштетиле дел од инвентарот, по што се искачиле на катот каде продолжиле со пребарување и од јакна во регал, во една од шестте соби, одзеле 160 швајцарски франци, а потоа незабележани го напуштиле објектот“, наведува полицијата.
Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале се проценува на 8000 денари, додека материјалната штета изнесува 30 илјади денари.
По извршениот увид се работи на расветлување на пријавеното и на откривање на сторителите, соопштуваат надлежните.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот