Поврзи се со нас

Гостивар

Кризниот штаб Гостивар повика на вакцинација и почитување на мерките

Објавено

на

По една година пауза денес во Гостивар повторно се одржа состанок на Кризниот штаб, на кој се разгледуваше состојбата со ковид на подрачјето. Штабот оцени дека ситуацијата е сериозна, но под контрола, упатувајќи апел до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број и да ги почитуваат антиковид мерките.

„Ова е вонреден состанок на Кризниот штаб по четвртиот бран на ковид. Прв заклучок е дека состојбата е сериозна, но под контрола. Второ е апел од сите нас до граѓаните на Гостивар да се придружуваат до сите мерки за заштита кои се дадени од надлежните, пред се Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Трето е апел до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, бидејќи сите научни истражувања потврдуваат дека вакцината, било која, е некаква заштита од зараза и ширење на пандемијата, и дефинитивно влијае врз намалување на смртноста и клиничката слика на пациентите. Оние кои се вакцинирани, ако се заразат,  полесно ја поминуваат болеста и помала е смртноста“, изјави по состанокот градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Како четврти заклучок ја наведе подготвеноста на општината да понуди спортска сала или друга поголема просторија за спроведување на вакцинацијата, доколку има потреба и барање, со оглед на зголемениот интерес последниот период.

Од Здравствениот дом Гостивар на состанокот информираа дека во пунктовите за вакцинација во градот дневно вакцина примаат околу 500 граѓани, а функционираат и пунктовите во селата Врапчише и Чегране.

Директорот на општата болница во Гостивар Јакуп Јакупи информираше дека на одделенијата се хоспитализирани 103 ковид пациенти. Се обезбедуваат дополнителни болнички кревети, установата е снабдена со кислород, а медицинскиот персонал е целосно ставен во служба на ковид болните.

Голем проблем кој го регистрираат надлежните се прекршувањата на решенијата за изолација. Командирот на Полициската станица Гостивар Гази Абдураими даде податок дека месецов полицијата поднела 57 кривични пријави против лица кои не ја почитувале задолжителната изолација.

Подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше има околу 1.467 активно заразени со коронавирус.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 13 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 14 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 17 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 19 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 21 час

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 22 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 23 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 24 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена