Поврзи се со нас

Вести

Лани во Гостивар 86 невработени лица добиле по 5.000 евра грант за отворање бизниси

Објавено

на

Над 350 лица во Гостивар и гостиварско, минатата година се вработиле преку некоја од владините мерки за активно вработување. Надлежните ја оценуваат 2018-та како една од најуспешните години кога е во прашање спроведувањето на ваквите мерки. Од Центарот за вработување велат дека за гостиварци најатрактивна била мерката Самовработувањето со грант, што предвидува грант од 5.000 евра за отворање на сопствен бизнис.

„Сите добија по 5.000 евра неповратни средства, со услов фирмата да продолжи да работи најмалку уште две години. Кај правните субјекти пак, голем интерес имаше за добивање на субвенции за плати. Станува збор за користење на 19.000 денари месечно бруто плата, за секое ново вработување за период од една година, под услов да се задржат лицата на работа 30 месеци. Со оваа мерка се вработија 79 лица“, рече Хисен Амзаи, раководител на Центарот за вработување во Гостивар

Огласите за користење на парични средства за отворање на нови работни места или бизниси за 2019-та година, се очекува да бидат објавени кога ќе се донесе Оперативниот план за вработување. Според најавите, оваа година ќе има зголемување на финансиите за таа намена.

Лани во Гостивар се оствариле и 17 вработувања на инвалидни лица, додека четири невработени биле ангажирани за лични асистенти на лица со посебни потреби.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 5 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 7 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 10 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 11 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 14 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 15 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 16 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 17 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 18 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена