Гостивар
Левица: Гостиварчани не‘ препознаваат како единствена опција во 30 годишниот мрак
Во рамки на предизборната кампања за Парламентарните избори, партијата Левица спроведе активности на подрачјето на Гостивар.
„Гостиварчани се навистина гостопримливи луѓе, тие ја препознаваат Левица, како единствена опција во овој 30 годишен мрак, партија која се бори за политичка власт на трудот, а не на капиталот, партија која е најбрзорастечка и формирана од млади некомпроминтирани луѓе, без политички багаж.“, нагласуваат од Левица со повик до граѓаните да излезат и да им ја дадат поддршката на 15 јули:
„Одважи се и излези да гласаш, за државата да биде во функција на народот, а не на елитните партии, кои 30 години не’ експлоатираат и држат во мрак. Ние не ветуваме промена преку ноќ, но исто така не сме тука само за овие избори. Мораме заедно да се избориме против партиите кои работат како биро за вработување, за конечно да воспоставиме систем, кој пред се’, го вреднува човечкиот труд и ќе функционира на принцип – соодветен кадар, на соодветно работно место, а нема да не’ дели по етничка основа, бидејќи трудот не познава етничка поделба, гладот не познава јазици, сиромаштијата не познава нации – Човекот е најголемата вредност во општеството. Твојот глас вреди, не дозволувај да ти го земат.“.
Носител на листата во ИЕ 6 од Левица е Сенада Ибраимова. Во изборната програма, партијата меѓу другото предвидува: отворање современ Државен центар за рециклирање, нов Закон за зелени пазари по урнек на пазарџиите и ситните земјоделци, укинување на патарините, укинување на државна матура и враќање на приемни испити на факултетите, воведување на данок за весрки објекти повисоки даноци за богатите итн.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба