Гостивар
Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА отвори партиски штаб во Гостивар
Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА, денес свечено го отвори партискиот штаб во Гостивар. Претседателот на партијата, Љупчо Ристовски симболично ја пресече црвената лента, а гостите беа пречекани според македонските традиции со леб и сол, при тоа со почитување на мерките за заштита поради ковид пандемијата.
„Од овде од Гостивар, сакам да им го порачам на граѓаните тоа што е на самото лого на партијата – Главата горе. Се раѓа нова политичка визија која моќно доаѓа на политичката сцена, имаме нови ликови во политиката, со моќна реторика и визија. Сакаме на граѓаните во гостиварско, тетовско, во изборната единица 6 да им порачаме дека се раѓа партија која во формат на Влада ќе подаде рамо, ќе подаде рака да ве крене сите вас за заедно партнерски успееме да ја препородиме татковината, да се врати довербата во институциите на системот, да се врати надежта.“, рече Ристовски.
Пред присутните се обрати и носителот на листата на ИНТЕГРА во ИЕ 6, д-р Виолета Србиноска.
„Во партијата на прво место ни се моралните вредности и да се задржат македонскиот интегритет и суверенитет. Потоа, да се внесат капитални инвестиции со кои младите ќе се поттикнат и мотивираат да остануваат во својата татковина. И секако, сериозно зафаќање за решавање на проблемите што ги тиштат граѓаните – едноставно преку ИНТЕГРА ќе се слушне гласот на народот“, истакна Србиноска.
Штабот на Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА во Гостивар се наоѓа на ул „Гоце Делчев“ во новата зграда близу противпожарната.
„Штабот е отворен е за сите кои сакаат подетално да се запознаат и подигнат „Програмаската платформа на ИНТЕГРА“ за претстојните парламентарни избори, во која со сигурност може да ги најдат решенијата на сите проблеми кои ја мачат нацијата. Комплетен сет на иновативни и реално остварливи демократски, економски реформи, темелна институционална реорганизација на општеството, која ни е итно потребна“, велат од ИНТЕГРА.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
1 Коментар