Македонија
Македонски ајвар, сирење, вина, мед изложени во Романија – преку спортска дипломатија промоција на производите

Во Букурешт, Романија почна „Неделата на македонски производи“, која свечено ја отворија министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на РСМ во Романија, Габриел Атанасов и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извоз, Дејан Павлески,
Повеќе домашни компании од агросекторот и прехранбената индустрија ги презентираат своите брендови, а посетителите имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на македонските вина, сирење, кашкавал, ајвар, мед, мармалади и други производи кои се наши познати брендови.
Ова е прв настан од ваков вид, преку спортска дипломатија да се промовираат македонските производи и започнува од Романија, која е една од земјите домаќини на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020.
„Еден од најдобрите начини за промоција на нашата земја е секако спортот и уметноста, но дозволете ми, како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство да истакнам дека има уште еден битен фактор за промоција, а тоа се нашите земјоделско-прехранбени производи. Нашата сончева земја е богато обдарена со поволни климатски услови за земјоделско производство. Секој кој ја посетил нашата земја и вкусил од македонските домашни производи, знае дека тие имаат изразена комплексност на вкусови и мириси. Затоа, странскиот пазар е отворен кон нас и има голем интерес за нашите земјоделски и прехранбени производи, а ние пак вложуваме во насока на квалитетно и стандардизирано зголемување на количините кои странскиот пазар ги бара од нас“, изјави министерот Хоџа.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар