Поврзи се со нас

Македонија

Меѓународен ден на децата на улица-Сите институции да се вклучат во решавање на проблемот

Објавено

на

Подобрувањето на тешката социо-економска состојба во која што живеат семејствата, како една од главните причини поради која тие често излегуваат на улица, е предуслов за решавање на проблемот со деца на улица и питачењето. Ова е една од препораките на настанот „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа – клучен сегмент за ефикасно решавање на негативната појава – деца на улица и питачењето“ што се одржува денеска по повод 12 Април – Меѓународниот ден на децата на улица.

Во изјава за медиуми во просторите на Центарот за дневен престој за деца во ризик „Патека на надеж“ во Шуто Оризари, Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител, сподели дека нивното истражување покажува дека појавата деца на улица сѐ уште егзистира, иако се преземаат мерки од страна на надлежните органи со донесување на протоколи за мултисекторско работење за надминување на оваа проблематика.

Податоците што ги обезбедивме преку центрите за социјална работа, преку Заводот за социјални дејности, од интервјуата со самите родители, децата згрижени во дневните центри за деца во социјален ризик, деца на улица, укажуваат на тоа дека сѐ уште причините за појавата на деца на улица не се сфаќаат сериозно, имајќи предвид дека најголемиот број, како што и самите кажавте, ако не скоро и сите деца кои што питачат се припадници на ромската заедница, потекнуваат од семејства што живеат во крајно лоши услови на живеење, во супстандардни услови за живеење, без вода, без електрична енергија, без никакви можности за нормален раст и развој, родителите се со многу ниско, ако не и без никакво образование, без работа и единствено егзистираат или преку питачење или евентуално преку обезбедување на право на социјална заштита, образложи таа.

Како што дополни, како институција, сметаат дека ваквата состојба алармира на многу посериозен начин на посветување за решавање на проблемот со деца на улица имајќи во предвид дека еден дел од овие деца се неевидентирани во матичната книга на родени што ги прави уште повеќе социјално ранливи.

Фактот што секојдневно сме сведоци на деца коишто не питачат сами – питачат и со своите родители, питачат со други лица кои што се, а можеби и не се нивни блиски, според неа, укажува на вклучување на сите институции за решавање на проблемот.

Постои протокол за меѓусекторско работење, односно вклучување на сите институции за решавање на овој проблем – вклучување на надлежното Министерство за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, граѓанските организации, локалните самоуправи и сметаме дека овој протокол, доколку се оди по утврденото како норма, како правило во протоколот може да ги даде сериозните податоци, дополнува таа.

Најсоодветно решение, според институцијата Народен правобранител, е да може да се работи со овие деца и со родителите подеднакво.

Она што недостасува, она што нашето истражување покажува е лошата материјална состојба. Тешката социо – економска состојба во која што живеат овие семејства е една од причините поради кои тие често излегуваат на улица. Затоа една од нашите препораки од истражувањето е да се обезбеди постојан приход на овие семејства затоа што егзистенција со социјална помош очигледно не ги дава потребните резултати. Да се обезбеди ако ништо друго вработување на овие лица, да се едуцираат, да се овозможи нивна преквалификација доколку е потребно, рече таа.

Во однос на бројката за деца на улица, таа информираше дека таа не може точно да се утврди.

Доколку тргнеме од фактот дека со новиот правилник за згрижување, на ниво на држава ние имаме само три дневни центри за згрижување на деца на улица – тоа е во Кисела Вода и двете во Шуто Оризари. И по законот, односно по правилникот ограничена е бројката до 24 максимално, што значи дека ако во просек  кажеме максималниот број не излегува повеќе од 70-80 деца кои се згрижуваат, но оваа бројка не е реална. Бројката која што ја гледаме секојдневно низ улиците, која што ја гледаме во попладневните часови, покажува на многу посериозна бројка и ова е исто така една од препораките да се води системско следење на бројката, бидејќи со една бројка излегуваат центрите за социјална работа, со друга бројка излегуваат граѓанските организации, со трета бројка Заводот за социјални дејност, кој, исто така, врши надзор, има надлежност за оваа негативна појава. Така што, ова е аларм дека навистина многу посериозно треба да се зафатиме со решавање на проблемот деца на улица, деца во социјален ризик, посочи Бајрамовска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена