Поврзи се со нас

Македонија

Најголема доверба во Армијата, најмала во Обвинителството и судството, покажа истражување

Објавено

на

Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк.

Анкетата е спроведена телефонски од агенцијата „Брима“ врз репрезентативен примерок од 1.001 испитаник во периодот од 31 јануари до 14 февруари годинава со маргина на грешка од 3,1 проценти во рамките на истражувањето „Перцепции и ставови на граѓаните за работата на полицијата во февруари 2024 година“.

„Во ова мерење има мал раст на довербата во полицијата која е институција во фокусот на овој проект. Традиционално Армијата и религиозните заедници се наоѓаат на првите две места, а полицијата на четврто, но овој пат е на трето место. Потоа следат претседателот на државата, невладините организации  и безбедносно разузнавачки институции. Владата е некаде на средина со 18 проценти доверба, ДКСК и народниот правобранител се со доверба од 15 и 13 отсто и на дното се Собранието, судството и Обвинителството. Има мало враќање на довербата кај Обвинителството и судството кои претходно имаа доверба од 7, односно 6 отсто“, рече Александар Стојановски од Евротинк на денешната средба со новинарите.

Нагласи дека во мерењето има доминантно изразена недоверба освен кај првите две институции. Кај полицијата има генерално подобрување на перцепцијата на испитаниците освен во делот на работата на управните служби за издавање на лични документи.

„Кај полицијата највисоко оценет аспект е професионалноста со 31 отсто, а најниско оценет – независноста на таа институција од партиски, владини и бизнис интереси со 12 отсто. Доминираат негативни ставови во мерењето за оваа година што е слично со претходните мерења што сме ги правеле“, посочи Стојановски.

На прашањето дали граѓаните веруваат дека полицијата ќе ги заштити доколку нивната безбедност е загрозена, како што кажа, одговорите се речиси исти со претходните мерења и додаде дека поголем дел од нив сметаат дека ќе ги заштити. Една петина од испитаниците имала некаков контакт со полицијата и во најголем дел граѓаните сами побарале контакт со полицијата. Од оние што имале контакт со полицијата голем дел имале потреба да пријават настан во внатрешната контрола. Расте и свесноста за надворешна контрола на работата на полицијата.

„Речиси 34 проценти о испитаниците ја оценуваат достапноста на информации поврзани со вадење на документи како лоша, а скоро 40 проценти како лоша ја оценуваат работата на управните служби на полицијата кои се одговорни за издавање на документи. Споредено со 2022 година оценката за слаба достапност на информации поврзани со процедурите за вадење на документи е околу 23 проценти, додека за работата на управните служби во 2022 година само 23 отсто од испитаниците дале лоша оценка. Во врска со работата на управните служби годинава само 20 отсто од испитаниците изразиле задоволство, додека во 2022 година процент бил дури  50 отсто“, потенцира Стојановски.

Тој смета дека високата доверба на Армијата не се должи на влегувањето на земјава во НАТО.

„Довербата во Армијата не би ја поврзувал со нашето влегување во НАТО. Веројатно граѓаните ја гледаат оваа институција како поголем заштитник или институција која е најимуна на влијанијата како што се партизирање, корупција, злоупотреба, инструментализација на институцијата во различни цели“, рече Стојановски.

Истражувањето е направено во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата“ што се спроведува од јули 2022 година до јуни 2024 година и е подржано од Националниот фонд за демократија на САД.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 9 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 14 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 16 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 18 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 19 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена