Поврзи се со нас

Гостивар

Министерство тврди дека Русино се‘ уште е под надлежност на Општина Гостивар

Објавено

на

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот, соопшти Министерството за животна средина. Во нивното соопштение се вели дека моментално Русино е се уште под надлежност на Општина Гостивар и ЈКП Комуналец и дека тие имаат обврска да ја одржуваат и обезбедуваат.

„За Полошкиот регион, беа обезбедени средства за подготовка на Регионален план за управување со отпадот и Стратешка оценка на влијанието врз животната средина. Во согласност со планот, МЖСПП блиску соработува со Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (SECO) за инвестирање на 8 милиони евра за изградба на централен објект за управување со отпад – регионална депонија за комунален отпад во Русино, на местото на постоечката нестандардна депонија што ќе ги опслужува граѓаните во сите општини во регионот и изградба на 2 трансфер станици со вкупно инвестициони трошоци од еден милион евра. До започнувањето на функционирањето на јавното регионално претпријатие „ЗЈП Русино/Полог“ и проектните активности за изградба на Русино во стандардна депонија со сите пропратни заштитни мерки согласно законот, обврската за оперирање со постоечката локација во Русино е сè уште надлежност на општина Гостивар и ЈКП Комуналец од Гостивар. Општина Гостивар, преку ЈКП Комуналец од Гостивар има обврска да наплаќа за секој тон депониран отпад кој се одлага на Русино и со тие средства да ја одржува локацијата, со технички услови за заштита на животната средина, спречување на влез на неформални лица, обезбедување од пожари и слично.“, наведуваат од Министерството.

Преку соопштението, Министерство го демантира градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој во неколку наврати изјави дека ингеренциите на општината за Русино и се одземени.

Додека локалната и централната власт си ја предаваат топката на одговорност, состојбата на Русино останува алармантна. Депонијата не престанува да гори, граѓаните се гушат во чад, кој особено се чувствува во вечерните часови. На жешкото време, среде лето не можат да отворат прозорци, заради неподносливата смрдеа и загадување.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 13 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 15 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 17 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 20 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 21 час

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 22 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 23 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена