Поврзи се со нас

Македонија

МНР: 11 македонски државјани од сообраќајката во Италија пуштени се дома

Објавено

на

Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи (МНР) преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба.

Како што соопшти МНР, 12-от патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денов ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

  • Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МНР.

На автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија вчера се случи сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

МНР преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена