Македонија
Модернизирана програма за менторство на наставници почетници за усовршување и поддршка
Со цел наставниците почетници да се чувствуваат безгрижно во нивното професионално патување и да развијат силна мотивација и компетенции да останат во избраната професија, во училиштата во земјава се спроведува проект YouWell, кој вклучува модернизирана програма за менторство, преку принципите на коучинг.
Проектот го реализира Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК во соработка со бугарскиот синдикат за образование Подкрепа, како и останати партнери од Бугарија, Белгија и Словенија.
„Традиционалното менторство често се потпира на искуството и советите на менторот. Со внесување на принципите на коучинг во процесот на менторство, фокусот се префрла кон зајакнување на менторираните да ги истражуваат сопствените решенија, поттикнувајќи ја самосвеста и промовирајќи континуирано учење. Овој пристап им овозможува на менторираните активно да учествуваат во нивниот професионален развој, што доведува до позначаен раст и во исто време го прави процесот поангажман и покреативен за менторот. Модернизираниот пристап на менторство YouWell ги опремува менторите со вештини кои можат да им помогнат на менторираните ефикасно да се прилагодат на промени кои се случуваат во образовниот систем. Ефективното менторство на наставниците почетници може да заштеди време и трошоци, зголемувајќи ја ефективноста, задоволството од работата, задржувањето и привлечноста на професијата.“, појаснуваат од СОНК.
Проектот трае 24 месеци, а финансиски е поддржан од ЕУ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград