Поврзи се со нас

Вести

МТСП: Во тек се конкурси за поддршка за активности за заштита на децата на улица и во социјален ризик

Објавено

на

    Министерството за труд и социјална политика објави јавни конкурси за поддршка на активности на здружениja за социјална заштита на деца на улица и психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик. МТСП наскоро ќе објави уште два конкурса на кои ќе финансира активности поврзани со деца со пречки во развојот и со аутизам. Со овозможување повеќе и поквалитетни услуги надвор од институциите градиме поефикасен систем за заштита на децата и нивна интеграција во општеството.

    Со конкурсите кои што се во тек МТСП поддржува активности за заштита на децата на улица и нивно вклучување во општеството, намалување на негативните влијание на улицата врз децата и нивниот развој, зајакнување на системот за заштита на децата на улица и промовирање на вонинституционалната форма на социјална заштита -Дневен центар за деца на улица.

    Меѓу предвидените активности ќе се работи и на обезбедување храна, облека и хигиенски средства за потребите на децата, медицинска нега и едукација за здравствената заштита, мотивација и подготовка на децата и нивните родители за вклучување во редовниот образовен систем, како и теренски активности и работа со децата на самото место (раскрсници, семафори и други места).

    Целта на доставените проекти за психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик треба да биде зајакнување на животните вештини на децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, со посебен акцент на деца кои употребуваат психоактивни супстанции. Во рамки на овој проект ќе се спроведат активности за идентификација и поддршка во надминување на социјалниот ризик на децата кои употребуваат психоактивни супстанци, а ќе се овозможи и помош за совладување на образовните содржини, односно довршување на образовниот процес или доквалификација заради полесно вклучување на пазарот на труд.

    Конкурсите траат 5 дена од денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот.

    Двата јавни конкурси се достапни на: http://www.mtsp.gov.mk/oglasi-izvestuvanja.nspx

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 11 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 17 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 18 часа

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 19 часа

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 21 час

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 23 часа

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 23 часа

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Гостиварпред 1 ден

    Центарот на Гостивар со светилки и декорација за Велигден

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена