Гостивар
Над 100 казни за брзо возење во вчерашната акција на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 февруари) од 14 до 19 часот спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која биле изречени вкупно 108 мерки (Тетово-68 и Гостивар-40). При контролата биле откриени и санкционирани 63 возила, односно возачи (ТЕ-42 и ГВ-21) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар.
Покрај ова, санкционирани се и 45 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-26 и ГВ-19) во населено место, како и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-7).
„На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. На оние кои пречекориле за повеќе од 50 километри на час времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со контроли на брзината со која се движат возилата, зашто години на ред неприлагодената брзина според условите на патот е причина број еден за најголемиот број од сообраќајните несреќи на тетовско-гостиварското подрачје.“, подвлече портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Според податоците од полицијата минатиот месец, само на тетовското подрачје биле изречени вкупно 465 мерки за брзина, а овој месец досега 388 мерки.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос