Занимливости
Најчести причини за криза во врската

Неколку брачно-љубовни терапевти на Редит ги открија предупредувачките знаци дека врската е на работ на пропаст, одговарајќи на прашања на следачите. Следат трите најчести причини за криза во врската и стручни совети за тоа.
Префрлање на вината
Според стручњаците, првиот знак на којшто треба да се обрне внимание е она префрлање на вината за сите проблеми во врската на партнерот.
„Секоја врска е партнерство. Многу ретко сум видел вакви проблеми во врската само по вина на една личност. Овие проблеми обично се променливи и сложени по природа. Тие генерално се резултат на когнитивните, емоционалните фактори, однесувањето и интерперсоналните модели на секој партнер. Поточно на односот еден кон друг“, напиша еден терапевт.
Агресивно однесување
Ова пак, и онака не треба да биде присутно во ниедна врска.
Терапевтот објаснува: „Ако една личност (жртвата, б.п.) каже дека сака да престане да го провоцира агресивното однесување на другата личност, тоа е предупредувачки знак. Работам со многу двојки каде една личност е агресивна и сака да преземе одговорност и да се промени“.
Меѓутоа, ако жртвата ја презема одговорноста за агресијата, а агресивниот партнер не презема одговорност, тогаш целта е жртвата да ја напушти другата личност или барем да се обиде да постави граници.
Прекршување на црвените линии
Следниот знак за предупредување е за кршење на границите.
„Малку тестирање на границите е добро, но постојаното кршење на границите е голем предупредувачки знак. Луѓе, познавањето на вашите граници, нивната поставенот и одржување – сѐ тоа е многу важно за вашата сопствена благосостојба. Исто така, научете да почитувате туѓите граници“, напиша еден стручњак.
Тој додаде и дека сите граници во врската не се засекогаш и може да се заслужат, заработат или загубат. Сѐ е во почитувањето на достоинството на другата личност.
Давајќи пример, терапевтот додаде: „Ако одите на спиење во 21 часот и се будите да вежбате во 5 часот наутро, држете ја таа практика. Пристојната личност ќе го почитува тоа, но грубата личност ќе се обиде да ја саботира таа навика“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос