Поврзи се со нас

Гостивар

Намален криминалитет и нарушувања на ЈРМ во Гостивар, усвоен 6 месечниот извештај на полицијата

Објавено

на

Во првата половина од 2022-ра година, Одделението за внатрешни работи Гостивар бележи намалување на криминалитетот, зголемување на процентот на расветлени кривични дела, помалку случаи на нарушувања на јавен ред и мир како и на трговија со дрога. Овие и други податоци за работата на полицијата, денес беа презентирани на седница на општинскиот Советот, по што советниците го усвоија шестмесечниот извештај на ОВР.

„Во текот на првото полугодие на подрачјето што го покрива ОВР Гостивар забележавме намалување на севкупниот криминалитет, благо маналување, но сепак е за пофалба, од 5,1%. Минатата година имавме околу 370 кривични дела, а оваа година 350 дела. Тоа се должи пред се од зајакнатата будност на униформираната полиција, како и на надворешната канцеларија за криминалистички работи. Севкупната ефикасност на расветлување на делата изнесува 69,42% што е показател за успешното функционирање на ОВР. Во класичниот криминал имаме зголемување на расветлување на кривични дела за 6%, а ова го нагласувам затоа што во овој криминал најмногу се засегнати граѓаните, тука влегуваат кражби, одземање на моторни возила, разбојништва итн. Што се однесува до недозволената трговија со дрога и оружје, намален е бројот на откриени и пријавени кривични дела, но е зголемен обемот на заплената на опојни дроги, психотропни супстанци. Нарушувањата на јавниот ред и мир на подрачјето бележи намалување за 8,26% во однос на лани истиот период. Нарушувања на меѓунационална основа ОВР нема регистрирано“, рече при презентирање на извештајот Белинда Туксар Лотеска, началничка на одделението за аналитика во ОВР Гостивар.

Од страна на советниците беше отворено прашањето за безбедноста во сообраќајот, особено за појавата на малолетници кои управуваат авотмобили, мотори и други возила без дозвола, при што претставниците на полицијата истакнаа дека се спроведуваат контроли, а родителите во ваков случај се соочуваат со санкции.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 10 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 11 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 14 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 14 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 15 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 16 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена