Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Не јадете ваква храна пред спиење

Објавено

на

Бројни намирници никако не смеат да се јадат навечер, бидејќи го расипуваат сонот, сметаат стручњаците. Во таа смисла, „Бенеден хелт“ (Beneden Health) споделува пет од закуските што е подобро да се прескокнат навечер пред спиење.

Чоколадо

Познато е дека не треба да се пие кафе пред легнување, бидејќи нивото кофеин може да даде вишок енергија, што секако ѝ пречи на подготовката на телото за сон. Лекарите велат дека истото важи и за чоколадото што исто така треба да се избегнува пред одење в кревет, како и шеќерот воопшто, советуваат стручњаците.

Сладолед

Претерано слатки работи може да предизвикаат покачување на шеќерот во крвта, што секако е неповолно за пред спиење. Можеби најсликовит во таа смисла е сладоледот, па потоа колачите, бисквитите итн.

Варирањето на шеќерот во крвта, се вели, предизвикува ослободување хормони како адреналин и кортизол, што може да доведе до анксиозност, глад, раздразливост. Иако првично може да се чувствувате сити и подготвени за в кревет, овие промени во хормоните може да предизвикаат често будење ноќе.

Сирење

Тврдото или старо сирење, според стручњаците, содржи високи нивоа на аминокиселината наречена тирамин, што придонесува за несакана будност. Тирамин вусшност предизвикува панкреасот да ги ослободува хормоните за возбуда и будност. Истото важи и за сушени производи од месо.

Зачинета храна

И зачините како што се лут сос, сенф, итн. може да го попречат регулирањето на температурата на тело и со тоа да го нарушат сонот. А, зголемувањето на телесната топлина е поврзано и со варењето на зачините – тоа бара високо ниво енергија, што, пак, го прави длабокиот сон прилично неизводлив.

Чипс

Она што го прави чипсот вкусен е количината сол во него. Но, премногу сол го дехидрира телото, а го зголемува задржувањето вода, што предизвикува замор. Истражување на Европското здружение за ендокринологија посочува дека солената храна, како што се и посолените јаткасти плодови, може да доведе до нарушен или кревок сон.

Така, лекарите препорачуваат да се приврши со солената храна најмалку два – три часа пред спиење, за подобар сон.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 недели

Објавени добитниците на ваучери за инвертери

Македонијапред 5 дена

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиарскипред 4 недели

Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 недели

Голем свечен ден во Чајле, осветен и поставен крстот на црквата „Свети Атанасиј Велики“

Гостиварпред 2 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 3 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Вестипред 2 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

14 годишно девојче од Гостивар пронајдено кај битолчанец, пријавено е дека имал интимен однос со неа

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 2 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 8 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 12 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 12 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена