Поврзи се со нас

Занимливости

Некои од најпознатите забранети места на Земјата

Објавено

на

Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне… Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја.

1. Змискиот Остров, во Бразил

Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, е можеби најопасното место на Земјата. Ова е единствениот дом на критично загрозениот, отровен златен јамски вајпер. Бразилската влада го затвори островот за јавна посета со цел да ги заштити и луѓето и змиите на него.

2. Межгорје, Русија

Межгорје е затворен град во Русија. А, не се знае многу за тоа… Гласините говорат дека тука се или биле сместени два воени батаљони, тајна нуклеарна ракетна база и огромен подземен објект.

3. Област 51, Невада, Соединети Американски Држави

Областа 51 често е предмет на теории на заговор за вонземјани. Многу луѓе веруваат дека тука американската Влада има складирано и крие тела на вонземјани и НЛО-а. Областа е означена со портокалови столпчиња и околу неа патролираат чувари во бели камиончиња и маскирни облеки. На стражарите не им е дозволено да зборуваат за нивните работодавци.

4. „Роуз тауер“ – „државата“ Силенд

Кнежевството Силенд е самопрогласена држава од 1967 година, што како нејзина територија, „ја зазема“ кулата „Роуз тауер“ – воена платформа во Северното Море од Втората светска војна. „Роуз Тауер“ е „окупирана“ од семејството и соработниците на Педи Рој Бејтс, кој воведе и устав на Силенд, национално знаме, национална химна, валута и пасоши. Ако сакате да ја посетите „земјата“ Силенд, ќе треба да добиете дозвола од нејзината Влада.

5. Островот Северен Сентинел, Индија

Северен Сентинел е мал остров, опкружен со плиток гребен. Тоа е дом на Сентинелезите, а тие јасно ставиле до знаење дека не сакаат странци, бидејќи го убиваат секој посетител. Индиските власти ја признаваат желбата на островјаните да бидат оставени сами. Тие забрануваат патување на островот и со цел да спречат жителите на племињата да се заразат со болести на кои немаат имунитет.

6. Зградата „Форт Нокс“ во САД

„Форт Нокс“ е американска владина зграда чувана од Армијата на САД, во сојузната држава Кентаки. Се нарекува најобезбедуваното место на планетата и тука се сместени околу половина од златните резерви на САД. „Форт Нокс“ е опкружен со челична ограда, а самото здание е своевидна тврдина од гранит обложен со бетон и зајакнат со челик.

7. Чернобил, Украина

Чернобил е делумно напуштен град во Украина. Бил евакуиран на 5 мај 1986, девет дена по нуклеарната несреќа во нуклеарната централа „Чернобил“, која се смета за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Денес, посетите во Чернобил се дозволени, но ограничени со строги правила. Има  и две продавници и туристички хотел.

8. Светскиот трезор за семиња „Свалбард“ во Норвешка

„Свалбард“ е објект за долгорочно складирање семиња. Местото се наоѓа на островот Спитсберген, а местоположбата се смета за идеална бидејќи нема тектонска активност и има вечен мраз, што помага семињата да бидат зачувани. Пристапот до Светскиот трезор е ограничен само за вработените таму.

9. Пештерите Ласко во Франција

Ласко е група пештери во југозападна Франција, познати по палеолитските пештерни слики. Цртежите се заеднички напор на многу генерации праисториски луѓе. Местото е затворено за јавноста бидејќи јаглерод-диоксидот, топлината и влажноста, со еден збор – посетителите може да ги уништат сликите.

10. Големиот храм „Исе“ во Јапонија

„Исе“ е шинтоистички храм што Јапонците го обожуваат како „Душата на Јапонија“. Зградите на светилиштето се направени од цврсто дрво чемпрес и не се користени клинци, туку дрва се само прилепени. Пристапот е строго ограничен. На туристите не им се дозволува само поглед оддалеку – зад четирите високи дрвени огради.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена