Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Неколку намирници со малку калории, идеални за слабеење

Објавено

на

Постојат бројни нискокалорични намирници кои можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми, а некои од нив изненадувачки заситуваат.

Доколку сакате да се храните здраво и во исто време да слабеете, во исхраната треба да ги вклучите оние намирници кои содржат малку калории, но сепак се хранливи. Постојат бројни нискокалорични намирници кои можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми, а некои од нив изненадувачки заситуваат, пишува Healthline.

За разлика од многу други намирници кои се нискокалорични и можат да предизвикаат глад, оваа храна е нискокалорична, но и многу заситува. Најчесто станува збор за храна која содржи протеини и влакна кои промовираат слабеење, но и помагаат да останете сити подолго време, па нема да посегнете по нешто нездраво.

Овес

Овесот е одличен додаток во вашата секојдневна исхрана бидејќи е нискокалоричен и богат со протеини и влакна, поради што оваа храна ќе ве држи сити долго време. Овесната каша е најдобро да се јаде за појадок бидејќи е многу хранлива и може значително да влијае на апетитот.

Грчки јогурт

Обичниот грчки јогурт е одличен извор на протеини и секој треба да го додаде во својата исхрана. Содржи малку калории и е доста хранлив, особено ако му додадете малку шумски и јаткасти плодови.

Бобинки

Бобинки како јагоди, боровинки, малини и капини се преполни со витамини, минерали и антиоксиданси кои се важни за здравјето на луѓето. Покрај тоа, тие се нискокалорични и содржат многу растителни влакна, особено пектин, кој докажано го зголемува чувството на ситост и на тој начин придонесува за слабеење.

Пуканки

Доколку барате здрава ужина, пуканките се одличен избор. Имаат малку калории и богати се со диетални влакна, кои се важни за дигестивниот систем и придонесуваат за ситост и можат да го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, студиите покажаа дека пуканките можат да помогнат во намалување на апетитот и зголемување на ситоста, што го прави совршена закуска.

Јајца

Познато е дека јајцата се богати со протеини, а содржат и важни витамини и минерали. Истражувањата потврдија дека е најдобро да ги јадете за појадок бидејќи се заситувачки и хранливи, а студија покажала дека луѓето кои јадат јајца наутро внесуваат помалку калории во текот на денот.

Чиа семе

Овие ситни семки со причина се нарекуваат суперхрана. Имено, чиа семето содржи голема количина на протеини и влакна, а има многу малку калории. Тие се богати со растворливи влакна кои апсорбираат течност и на тој начин промовираат чувство на ситост. Ако сакате да ја намалите желбата за нездрава храна и да го намалите апетитот, додадете чиа семе во вашата секојдневна исхрана. Можете да ги додадете во јогурт, салата или од нив да направите пудинг.

Риба

Рибата е богата со протеини, но и со здрави масти, кои се неопходни за одржување на добро здравје. Некои истражувања сугерираат дека зголемувањето на внесот на протеини може да го намали апетитот, како и нивото на грелин, хормон кој го стимулира гладот. Протеините од рибата се особено корисни за намалување на гладот ​​и нивото на апетит.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена