Поврзи се со нас

Гостивар

Новогодишни подароци од „Наша тезга“ за децата од Дневниот Центар во Гостивар

Објавено

на

„Рурална Коалиција“ во соработка со локалното здружение на жени фармери “Моја Фарма“ беа во посета на Дневниот центар за лица попреченост во Гостивар, и на децата им подарија пакетчиња со училишен и едукативен материјал. Средствата се обезбедени од продажбата на дел од земјоделските производи кои што може да се најдат на првиот рурален е-пазар “Наша тезга“ – https://www.nasatezga.mk/ лансиран неодамна.

„Посетата на дневниот центар е првиот чекор кон заедничка соработка помеѓу чинителите во локалната заедница, а ние како Рурална Коалиција и Наша тезга би сакале уште на самиот почеток да се движиме токму кон реализацијата на нови соработки, соработки кои што ќе значат придонес во локалната заедница, но и соработки кои што ќе ни ги отворат вратите за многу идни заеднички активности, а во насока на исполнување на мисијата “Никој да не биде изоставен“, рече извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски на денешната средба.

“Ваквите мали акции, за нас, како и за штитениците на центарот, значат многу и особено е значајно што преку ваквите акции се потикнуваат и другите чинители во локалната заедница како бизнис секторот, локалните институции, па и граѓаните да се сетат на нас, но и самите да преземат некоја акција која што ќе ги вклучи и лицата со попречености. Активностите во кои што се вклучуваме преку проекти и активности на граѓанските организации многу позитивно влијаат на целокупното работење на центарот и овозможуваат да се направи многу повеќе од она што е зацртано“, спомена психологот и раководителката на Центарот, Арта Арифи-Креци.

Руралната средина значи лек, но и влијае многу позитивно на психо-моторниот развој кај децата и лицата со попречености, додаде Јасминка Наумоска, и самата родител на дете со попреченост која што ја избира токму руралната средина како место за живеење и одгледување на своите деца, а воедно и членка на платформата “Наша тезга“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена