Македонија
Објавени повици за фирми и невработени за субвенции на плати

Агенцијата за вработување ги објави јавните повици за субвенционирање на плати, наменети за приватни компании и невработени лица. Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од одредени категории наведени во повикот, ќе добие финансиска поддршка за исплата на плата по 22.000 денари месечно, за период од 6 месеци.
Работодавачот кој ќе ја користи оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период определен со условите на повикот.
Агенцијата ги повика невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, како на пример: долгорочно невработени, млади до 29 години, постари од 50 години, корисници на гарантирана минимална помош, жртви на семејно насилство, припадници на ромска заедница и други, да се пријават во Центрите за вработување за вклучување во мерката.
Пријавувањето трае до 5 април.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?