Гостивар
Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Традицијата на одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Гостивар продолжи и годинава, но поради пандемијата без масовна манифестација и без положување на крстот во Вардар.
Утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф. Потоа крстот беше положен во казанот со осветената вода, а во вадењето симболично учествуваа неколку дечиња.
Од организацискиот одбор за прослава на Водици во Гостивар се задоволни што иако на поинаков начин, традицијата не се прекина, а празникот повторно донесе голема радост меѓу верниците.
„Бог се јави. Ова е голем ден за сите христијански верници, иако годинава во поинакви услови, сепак важно е што традицијата не се прекина. Како што гледате верниците ги почитуваат мерките, носат маски, нема групирања. Прославата на Водици во Гостивар претходните години поминуваше многу масовно со илјадници граѓани кои присуствуваа на положување на крстот во Вардар, но сега пандемијата не дозволува таква манифестација и тоа мора да го испочитуваме. Многу здравје, среќа, бериќет и мир за сите посакуваме, па наредната година да славиме како што било претходно.“, рече д-р Никола Петровски од организациониот одбор.
Граѓаните кои доаѓаа во црквата палеа свеќи за здравје, се помолија за мир и спасение и полнеа од осветената вода да понесат во домовите.
Денешниот ден, 19 јануари, поради празникот Водици е неработен ден за православните верници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила