Гостивар
Одржана четвртата малореканска конференција „По патеките на Дичо Зограф”

Во изминатите денови Свештената Бигорска Обител ја имаше честа да биде домаќин на четвртата по ред Малореканска научна конференција, насловена „По патеките на Дичо Зограф“.
„Оваа угледна научна средба беше организирана со благословот на нашиот почитуван надлежен митрополит, Неговото високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски, под покровителство и благослов на нашиот Старец и Игумен на Бигорскиот Манастир, Преосветениот епископ Антаниски г. Партениј, а во соработка и коорганизација со проф. д-р Сашо Цветковски“, информираа од Бигорскиот манастир.
Свеченото отворање на конференцијата се одржа во храмот на Светите Апостоли Петар и Павле, во Тресонче, родното место на иконата на македонското фрескосликарство и иконопис Дичо Зограф.
Професорот Сашо Цветковски, истакнат научен соработник од МАНУ, одржа пригоден говор со кој ги поздрави организаторите и учесниците во научниот собор. На овој настан присуствуваа научни работници, студенти и членови на здружението „Брзовец“ од Тресонче, како и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.
Во текот на следните денови, во салата за настани во Бигорскиот Манастир, беа одржани четири сесии, на кои реномирани истражувачи во областа на историјата на уметност и на архитектурата имаа свои презентации. Со свои трудови учествуваа научните работници Сашо Цветковски, Александар Василевски, Дарко Николовски, Ненад Макуљевиќ, Светлана Смолчиќ – Макулевиќ, Васил Ѓеоргиев – Ликин и Борис Марковски.
Четвртата Малореканска конференција заврши со свечено доделување сертификати за учество. Во името на владиката г. Партениј сертификатите ги додели Архимандрит Доситеј, кој им заблагодари на сите учесници и го акцентираше значењето на ваквите научни собири за културното и историско наследство на регионот.
„Како општо резиме на годинешнава конференција беше нагласокот на потребата за обрнување на поголемо научно внимание на уникатниот иконостас во бигорскиот католикон, кој претставува светско ремек-дело со неизмерно уметничко и духовно значење, и како татков треба да влезе како подвижно културно наследство во УНЕСКО“, додаваат од манастирот.
Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век. Насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите, насекаде во земјава, Србија и Грција. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. Дичо е роден 1819 година во Тресонче, област Мала Река, општина Маврово и Ростуше (некогаш дебарски регион), а починал во 1872 или 1873 година. Каде се неговите посмртни останки се уште не се знае.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!