Гостивар
Огранокот на ДУИ во Гостивар формираше Изборен штаб за локалните избори

На состанок на Претседателството на огранокот, претседателите на локалните совети, членови на Централното претседателство и функционери, огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар едногласно го избра Башким Хасани за претседател на локалниот изборен штаб за октомвриските избори.
Од партијата информираа дека предлогот го дал координаторот на Шестата изборна единица на ДУИ за локалните избори 2021 година, Талат Џафери, во чија изјава стои: „Веќе се создадени услови Демократската унија за интеграција да ја врати моќта во Општина Гостивар“.
По изборот за претседател на штабот Хасани изјави: „Актуелниот градоначалник на Гостивар е добар лекар, но не и добар менаџер во локалната власт, затоа, по изборите ќе се врати како лекар за да им служи на пациентите.“.
Во штабот на ДУИ во Гостивар како први луѓе на различните сектори влегуваат: Валдет Џафери, Неџати Јакупи, Берат Дехари, Пајтим Саити, Арта Билали – Зендели, Шпетим Џелили, Фиторе Алигега, Ајет Ибрахими, Гентиана Бектеши, и Ветон Садику.
Од гостиварскиот огранок на ДУИ најавија дека во следниот период ќе биде комплетирана структурата на Локалниот изборен штаб, и дека ќе се отворат Изборни штабови во секоја населба.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград