Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар набави специјално возило за одржување на уличното осветлување

Објавено

на

На подрачјето на Општина Гостивар отсега, интервенциите при дефекти и монтажата на уличното осветлување ќе се прават побрзо и поефикасно. Ова се очекува да се постигне со новото специјално возило за одржување на јавното осветлување, коешто денес пристигна во општината. Камионот е набавен со грант од Светска Банка од 2,6 милиони денари и партиципација на општината од 600 илјади денари.

„Ваков камион недостасуваше во општината, за екипата што работи на јавното осветлување. Се надевам ќе им олесни многу. Се случувало да задоцниме со интервенција, токму поради што сме немале вакво возило. Сега веќе нема оправдувања, ќе бидеме почесто на терен и ќе бидеме поефикасни во нашата работа, кога се работи за градското осветлување“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот вели дека во вложувањето во јавното осветлување, особено обрнувале внимание да се користат штедливи светилки и дека на таков начин значително се намалиле трошоците. Во изминатиот период биле сменети околу 14 илјади улични светилки.

Новото возило ќе овозможи изведување на работи на висина од 14 метри и далечина од 8 метри. Освен општинската екипа, камионот по потреба ќе можат да го користат и јавните претпријатија.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена