Гостивар
Општината руши повеќекатница во Гостивар изградена без дозвола

Утрово, фирма ангажирана од Општина Гостивар со полициска асистенција започна уривање на објект повеќекатница, на ул. „Сретко Крстески“ во Гостивар.
Локалните власти објаснуваат дека се работи за зграда, која е изградена без соодветните дозволи и одобренија и дека претходно за објектот било донесено решение за стопирање на градбата, кое не било испочитувано.
„Општината спроведува акција за рушење на дивоизградениот објект. Инвеститорот претходно беше опоменат и со записник и со решение за стопирање на градежните работи и со заклучок, што не беше испочитувано. Ние денес, само ги спроведуваме донесените законски акти“, изјави секретарот на општината, Назми Јусуфи.
Според образложението од градежната инспекција, ќе се уриваат ѕидовите на објектот, додека конструкцијата ќе остане.
„За тој урбан блок од градот, се очекува да има измени во деталниот урбанистички план. Инвеститорот требаше да ги испочитува забраните и да не продолжува со градбата, но тој избрза. Ова нека биде еден вид апел до сите инвеститори да не започнуваат да градат без одобрение, затоа што од денес ќе имаме нула толеранција за сите диви објекти“, рече Јусуфи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош