Гостивар
Остри стрели меѓу пратеничката Стојаноска и локалната власт на Маврово и Ростуше
Пратеничката од Гостивар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска и Општина Маврово и Ростуше си упатија остри вербални стрели. Откако Стојаноска при посетата на тој регион изјави дека не е направен ниту еден капитален проект и општината е фрлена во заборав, од другата страна искоментираа дека ваквите обвинувања се резултат на неискреност и немање идеја и визија.
„Една од најубавите општини во западна Македонија, за жал полни две години е заборавена од локалната власт, а веќе трета година како што ја нема на мапата на економијата и крупните инфрапроекти на Владата на Република Македонија. Во Општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект – ниту изведен, ниту во намера да се изведе. Со ребалансот на буџетот за 2019 година, ниту еден капитален проект, ниту едно планирано реновирано училиште или нова градинка, спортски објект, или рестарвација на некој од патиштата коишто се горливи проблеми за жителите на овој крај. За ребалансот на буџетот јас и колегата Горан Манојлоски поднесовме мноштво на амандмани, меѓу кои имаше и такви коишто се однесуваа на овој крај. Но, ниту еден не беше прифатен. Со жителите на Маврово и Ростуше ќе ги споделиме нивните проблеми, истите ќе ги нотираме и во наредниот период за нив ќе најдеме решенија, кои што ќе бидат дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што на Македонија и треба обнова на општина Маврово и Ростуше “, изјави Стојаноска.
Од Општина Маврово и Ростуше искажаното го нарекоа невистина и обид за манипулација на јавноста. „На партиска активност, пред своите членови, во отсуство на искреност во себе да се каже вистината за успешната работа на локалната самоуправа, како и немање визија и идеи за иднината и развојот на овој регион, пратеничката си зеде за право преку искажување на невистини да ја манипулира јавноста дека Општината нема реализирано крупни капитални проекти. Не дека сме погодени од овие искажани невистини, туку само поради јавноста сакаме да ја потсетиме пратеничката, дека за нецели две години Општина Маврово и Ростуше со свои средства и средства обезбедени од буџетот на РСМ ги има реализирано следните капитални проекти: нова општинска зграда во вкупна вредност од околу 18 милиони денари, реконструкција, проширување и асфалтирање на патен правец во Велебрдо во должина од околу 1 км во вредност од околу 2 милиони денари, атмосферска канализација во Велебрдо во вредност од околу 1 милион денари, селска водоводна мрежа во Требиште во вредност од околу 1,7 милиони денари, потпорни ѕидови во Жировница со кој ќе се обезбедат над 50 паркинг места, проект вреден над 8 милиони денари“, соопшти локалната власт, наведувајќи во продолжение десетина проекти за коишто велат дека се во процедура за реализација.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди