Гостивар
Пет пати повеќе оздравени од новозаразени со корона последните два дена во Гостивар
Потсмирената состојба со коронавирусот на гостиварското подрачје ја потврдуваат официјалните статистики. Во изминатите два дена се регистрираат пет пати повеќе оздравени од новозаразени пациенти. Вчера, Институтот за јавно здравје потврди 60 оздравени лица, а денес 13. Вчера и денес потврдени се по 7 нови случаи, или вкупно 14. Актуелно бројката на активно заразени моментално во општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште е 450.
Според податоците од Министерството за здравство во ковид одделенијата во гостиварската болница хоспитализирани се 25 пациенти.
Во земјава во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. Најголемиот дел од нив се во Скопје 88, по што следуваат Прилеп со 11 и Тетово со 13.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти, од кои исто така најмногу се од Скопје, 175.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот