Вести
Почина милијардерот со 7 трансплантирани срца
На 101 годишна возраст, денес почина милијардерот Дејвид Рокфелер. Светските медиуми пренесоа дека Рокфелер починал во сон, во својот дом во Њу Јорк. Во наследство остави богатство од 3,3 милијарди долари.
Дејвид Рокфелер останува запаметен по радикалните чекори што ги преземаше за да си го продолжи животниот век. Во една прилика има изјавено дека сака да живее 200 години. Имал дури седум трансплантации на срце и две трансплантации на бубрези.
Инаку, тој беше последниот жив внук на Џон Д. Рокфелер, нафтен магнат, основач на компанијата Standard Oil во XIX век преку која станал првиот милијардер на Америка, а неговото семејство, едно од најбогатите и најмоќни во историјата на земјата.
Дејвид Рокфелер дипломирал на универзитетот Харвард во 1936, а станал доктор по економски науки на универзитетот во Чикаго, во 1940 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот