Гостивар
Почна грип сезоната во Гостивар и Тетово

Првите случаи на сезонски грип се регистрирани во Тетово и Гостивар. Институтот за јавно здравје соопшти дека во текот на 42-рата недела од 2022 година (од 17-23.10.2022), во Македонија се пријавени 27 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, во споредба со минатата сезона и просекот.
Заболените лица се регистрирани во Тетово – 17 и Гостивар – 10.
Во однос на возраста, од 15-64 години регистрирани се 15 лица, од 0-4 години – 8 лица и од 5-14 години – 4.
Вкупно од 40-42 недела пријавени се 47 случаи.
Во текот на 42-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 312 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 13 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Од тестираните материјали еден е со позитивен резултат – Influenza A(H3).
Кумулативно, досега се тестирани 801 материјал од кои еден е со позитивен резултат – Influenza A(H3).
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 3 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава