Гостивар
Полицијата во Гостивар ги засили контролите низ улиците и патиштата

Вчеравечер (6 септември) од 20 до 24 часот, на неколку пункови (автопат Гостивар Тетово и магистрала Гостивар-Кичево) спроведена е засилена акциска контрола за брзина, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 30 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Едно од пречекорувањата било за над 70 километри на час, десет за 50 до 70 километри на час, а останатите за 30 до 50 километри на час.
Покрај ова, на улица „101“ во Гостивар, со користење на „ноќен радар“ откриени се и 8 пречекорувања на брзината, од кои наголемиот број биле за 30 до 50 километри.
Во периодот од 5 до 20 часот, во засилена акциска контрола спроведена на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и санкционирани 14 возачи кои непрописно престигнувале. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции, извести СВР.
Вчера (6 септември) од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле санкционирани 8 прекршоци (Тетово-7 и Гостивар-1). При контролата, исто така, биле санкционирани и 34 други видови прекршоци (Тетово-12 и Гостивар-22).
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер