Вести
Последен ден за обнова на документите за социјална помош
Денес (27 јануари) е последен рок за обнова на документите за корисниците на социјална парична помош. Од Министерството за труд и социјала ги повикаа граѓаните кои до сега не успеале да ја завршат обврската, да го сторат тоа во текот на денешниот ден. Барањата се поднесуваат во Центрите за социјална работа. Корисниците со себе треба да имаат личен документ за идентификација, додека останатите потребни документи за потврда на материјалната состојба, Центрите ги обезбедуваат по службен пат од надлежните институции.
Истовремено во тек е и обновата за корисниците на детските права: посебен додаток за дете, детски додаток и родителски додаток за трето и четврто дете.
Корисниците на овие права треба да ги достават следниве документи: За посебен додаток – лични карти од двајцата или еден родител на увид во оригинал; За право на детски додаток – висина на плата од работовадецот за претходната година и потврда за редовен уценик; За родителски додаток за 3 и 4 дете – Потврди за вакцина, потврда од суд за неодземено родителско право и доколку детето за кое е остварено правото, односно 3 или 4 дете е на школска возраст, односно посетува училиште потврда за редовен ученик
Краен рок за обнова на документите за овие права е 31.3.2017 година.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди