Поврзи се со нас

Гостивар

Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

Објавено

на

Во организација на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ попладнево во Гостивар се одржа мирен протест против дигитализација на учебниците. Говорниците пред присутните родители, просветни работници и деца подвлекоа дека Министерството за образование не ја објаснило новата концепција во јавноста и дека хартиените учебници мора да останат основно средство од кое учениците ќе учат.

„За новиот закон разбравме преку медиумите, се прашуваме како министерката Царовска без консултација со родителите, без истражувања и анкети се одлучи на толкави отскоци во образовниот систем. До сега никој од МОН не излезе со конкретно образложение на концепцијата, а одговорите од директорите и Советите на родители не се комплетни да не убедат дека реформите се добри за нашиот образовен систем. Во однос на дигитализацијата не‘ направија дека сме со заостанати размислувања и дека додека светот се стреми кон дигитализација ние ја спречуваме. Погрешно не‘ сфатија, ние велиме нека има дигитализација, но без отфрлање на хартиените учебници, и тие да останат примарно средство за учење на децата“, беше речено на протестот.

Во своите обраќања, учесниците исто така, потенцираа дека најпрво треба да се создадат услови во училиштата, а потоа да се размислува за други предизвици: „Ако согледаме колку училишта во Македонија имаат лоша инфраструктура, распаднати училници, без тоалети, ќе сфатиме дека правиме голем отскок и наместо да ги опремиме и средиме училиштата, ние се запознаваме за е-учебници и уреди, како тоа да е единствен проблем“.

На протестот во Гостивар беа презентирани и анализи од стручни лица, психолог и офталмолог за штетноста од прекумерното користење на електронските уреди врз психата, социјализацијата и здравјето на очите кај децата.

Критика и прашања беа упатени и во однос на воведувањето изборен предемт Сексуално образование, а укинување на Етика на религиите, како и за спојувањето на повеќе предмети во еден.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена